БРИТНИ тврди дека против нејзина волја била сместена во ментална установа

Profimedia

Пејачката Бритни Спирс (37) тврди дека татко ѝ Џејми (66) ја терал да зема лекови, а потоа ја ставил во установа за ментално здравје против нејзина волја, пренесува The Sun.

Нејзиниот татко е задолжен за имотот на Бритни откако имала нервен слом пред десетина години. Сепак, и покрај тој договор, нема овластувае да ја смести во установа или да ја тера да пие лекови против  нејзина согласност.

Бритни на суд рекла дека татко ѝ пред еден месец ја натерал да оди во установа за ментално здравје, а нејзината мајка Лин (64), која се развела од Џејми во 2002 година, е на страна на ќерка ѝ. Таа и Бритни се држеле за рака кога го напуштале судот во Лос Анџелес. Бритни го напуштила судот босонога.

Судот ги истражува обвинувањата, а од негова страна е назначен експерт кој ќе ја испитува Бритни пред да се донесат некои одлуки во врска со случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот