Бритни Спирс се пријави во ментална болница

Фото EPA/NINA PROMMER

Веста дека Бритни е сместена во институција за ментално здравје ги шокираше нејзините фанови низ целиот свет.

Минатата недела таа самата се пријавила во ваква установа, со објаснување дека секој треба да се грижи за себе. Таму ќе остане триесет денови.

На пејачката многу ѝ дошле непријатните настани во врска со нејзиниот татко, кој е опериран поради пукање на дебелото црево. Тој сè уште е сопственик на целиот нејзин имот, веќе цела деценија, откако Бритни имаше нервен слом.

Настаните од приватниот живот, како и притисокот на славата која ја стекна уште од млади години, често биле проблем за пејачката. Затоа таа решила да си даде време и да одмори во институција каде ќе се грижат за нејзиното ментално здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот