Британскиот министер за здравство не очекува нови затворања поради коронавирусот

Саџид Џавид/ Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид денеска рече дека не очекува нови затворања во борбата против Ковид-19 и ја отфрли можноста за користење сертификати за вакцинација како услов за учество на луѓето во масовни настани.

– Не очекувам повеќе затворање. Мислам дека секој министер за здравство во светот би бил неодговорен ако исклучи се, но едноставно не гледам како би можеле да стигнеме до друго затворање, изјави Џавид за Би -Би -Си.

Запрашан за сертификатите за вакцинација за учество во масовни настани, Џавид одговори дека се уште не станува збор за тоа.

– Она што можам да кажам е дека ние тоа добро го разгледавме и дека треба да го имаме како можна опција, но со задоволство можам да кажам дека нема да одиме понатаму со овие планови, рече Џавид.

Тој исто така рече дека сака да се „ослободи” од ПЦР тестовите за патниците што е можно поскоро.

Џавид додаде дека Владата ќе остане „претпазлива”, но дека „програмата за вакцинација, програмата за тестирање, програмата за следење, новиот третман на лекување… сето тоа е одбранбен ѕид и иако има многу вируси наоколу, тоа функционира”.

Велика Британија, која е меѓу најлошите во светот во однос на официјалните смртни случаи од последиците од ковид вирусот, забележа зголемување на случаите во последните неколку месеци по ублажувањето на ограничувањата во јули.

Премиерот Борис Џoонсон во вторник ќе ги претстави своите планови за управување со пандемијата на Ковид-19 во зимските месеци. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот