Британски војници патролираат на границата на Косово и Србија, собираат разузнавачки информации за сомнителни активности

војници КФОР EPA-EFE/STRINGER

Британски трупи патролираат на границата меѓу Косово и Србија како дел од мировното присуство на НАТО, кое е засилено поради загриженоста дека поранешните воени непријатели би можеле повторно да влезат во отворен конфликт по серијата насилни инциденти во последните месеци, пишува Ројтерс.

Според Ројтерс, Организацијата на Северноатлантскиот договор испратила стотици дополнителни војници на Косово од Велика Британија и Романија по инцидентот меѓу косовските власти и вооружените Срби кој на 24 септември го претвори „мирното село на северот на Косово во воена зона“.

Во Бањска беа убиени тројца вооружени напаѓачи и еден полицаец и овој инцидент се смета за најголемо извшрено насилство откако Косово прогласи независност во 2008 година.

Косово ја обвини Србија дека обезбедува финансиска и воена поддршка на вооружените напаѓачи, додека пак Белград негира својата вмешаност.

НАТО испрати дополнителни 1.000 војници во регионот, со што го зголеми своето воено присуство а бројката достигна 4.500 војници од 27 земји.

Според Ројтерс, британските војници сега се распоредени во 18-часовни смени со цел да сузбијат нелегален трансфер на оружје или пак упад на вооружени групи во Косово.

Преставник на британската армија за Ројтерс изјави дека војниците исто така собираат „разузнавачки информации за која било незаконска или сомнителна активност која потоа се испраќа до КФОР и пошироко“.

За време на посетата на Западен Балкан во понеделникот, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека организацијата размислува да го зголеми на подолг рок бројот на силите на Косово „за да се осигура дека еветнуалните инциденти на теренот нема да доведат до создавање на нов насилен конфликт на Косово или во поширокиот регион“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот