БРИТАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО РАЗОТКРИВА МОРНИЧАВИОТ СЛУЧАЈ: Возачот на „камионот на смртта“ дома имал 300.000 фунти

Фото: Профимедиа

Во домот на Мо Робинсон (25), возач на камионот во кој вчера беа откриени телата на 39 Кинези, 31 маж и осум жени, пронајдени се околу 300.000 фунти, пренесе „Еспресо.рс“. Британските медиуми открија дека тој живее со партнерка и очекува близнаци, а неговите пријатели тврдат дека тој е од „многу добро семејство“.

Камионот и ладилник-приколката се движеле самостојно, пред да стигнат во индустриската зона во Есекс каде се пронајдени. Британската полиција верува дека приколката е транспортирана со карго-брод од пристаништето Зебруге во Белгија до пристаништето Парфлит во Англија. Приколката подоцна е прикачена за камионот.

Камионот тргнал од Северна Ирска и преку Даблин стигнал во Холигед во Велс, ракуван од Мо Робинсон. Робинсон со камионот пристигнал во Парфлит три дена пред да пристигне приколката-ладилник, а не е познато што се случувало со возачот во текот на трите дена пред да ја преземе приколката.

Белгиското сојузно обивинителство потврди дека приколката минала низ пристаништето Зебруге на 22 октомври и сега го испитува патот на контејнерот до таа локација, најверојатно преку Холандија. Се уште не е познато каде Кинезите влегле во приколката во која трагично ги загубија животите.

Робинсон во Парфлит чекал во својот камион за приколката да пристигне, да ја прикачи и да ја префрли до индустриската зона Грејс во Есекс. Тоа е забележано и со сигурносни камери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот