Британската агенција одобри употреба на трета доза против коронавирус, наскоро и конечна одлука

Вакцини против Ковид-19 / Фото: EPA

Британската регулаторна агенција за лекови ја одобри употребата на вакцини „Фајзер” и „Астра Зенека” против Ковид-19 за дополнителна вакцинација, но наведе дека останува на другите институции да одлучат дали ќе се дава засилувачка доза.

Британскиот заеднички комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) расправа дали се потребни дополнителни вакцини за постари лица и загрозени лица..

Конечната одлука дали да се воведе дополнителна (засилувачка) доза по две дози е на владата, но одлуката на регулаторот отстранува една пречка на тој пат.

„Задоволство ми е да потврдам дека вакцините против Ковид-19 произведени од Фајзер и АстраЗенека може да се користат како безбедни и ефективни дополнителни дози”, рече Џун Рајне, извршна директорка на Регулаторната агенција за лекови и здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот