Британка избодена до смрт на плажа, уапсен тинејџер осомничен за убиството

Британија полиција / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британската полиција уапси 17-годишен маж осомничен за убиство, откако вчера една жена беше избодена до смрт на плажата во Борнемут.

Напаѓачот избодел две жени, 34-годишната жена починала на местото на настанот, додека 38-годишната жена со тешки повреди е пренесена во болница.

Нападот се случил на плажата Дарли Чајн нешто пред полноќ. Полицијата ја затворила плажата додека трае истрагата и соопштила дека осомничениот е тинејџер од Ланкашир, пишува Би-би-си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот