Британија одвои 3,2 милијарди долари воена помош за Украина

Риши Сунак / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак за време на неговата посета на Киев го претстави новиот пакет воено финансирање за Украина со цел земјата да се увери дека Западот продолжува да ја поддржува, инфомира МИА.

Пакетот за помош, кој важи за следната година и е вреден 2,5 милијарди фунти односно 3,2 милијарди долари е најголемиот пакет што Велика Британија и го дала на Украина од почетокот на војната.

Имено, тоа е за 200 милиони фунти (233 милиони долари) повеќе од претходниот годишен пакет, соопшти британската влада.

– Денеска сум тука со една порака: Обединетото Кралство … нема да се поколеба, рече Сунак и додаде. „Ќе бидеме со Украина, и во нивните најтемни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“.

Пакетот вклучува средства за набавка на ракети со долг дострел, илјадници дронови, за противвоздушна одбрана, артилериска муниција и за финансирање на поморската безбедност, соопшти кабинетот на Сунак.

Британската помош за Украина пристигнува во време кога финансиската помош од САД и Европа е во застој поради политички несогласувања.

– Не заминуваме, рече Сунак на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските власти ја поздравија британската најава и ја претставија како доказ дека западната поддршка за нејзината борба против Русија не опаѓа, како што стравуваат некои.

– Ова е сигнал до светот: Украина не е сама, рече Зеленски.

Сунак и Зеленски потпишаа билатерален безбедносен договор за следните 10 години.

– Тој договор ќе остане во сила додека Украина не добие членство во НАТО, за што се надеваме, рече Зеленски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот