Британија очекува Кина да се придржува кон меѓународното право

Гринвич Парк / Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Џонсон повтори зошто Британија ги преземала соодветните чекори.

Велика Британија очекува дека Кина ќе се придржува кон меѓународното право, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон на прашањето што ќе преземе Лондон ако Пекинг ги спречи луѓето во Хонгконг кои имаат британски прекуморски статус (БНО) да го напуштат.

Британија понуди пат до државјанство за околу три милиони луѓе во Хонгконг, нејзина поранешна колонија, откако соопшти дека Кина ги прекршила условите на договорот за примопредавање од 1984 година со наметнување на новиот закон за безбедност.

– Веќе одредивме што ќе обезбедиме за БНО… Очекуваме Кина да ја сфати важноста на придржувањето кон меѓународното право, нагласи портпаролот на Џонсон.

Тој повтори зошто Британија ги преземала соодветните чекори.

– Усвојувањето и наметнувањето на законот за национална безбедност претставува јасно и сериозно кршење на заедничката декларација, односно се крши високиот степен на автономија на Хонгконг, додаде портпаролот на британскиот премиер.

Претходно, кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Џиаоминг ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност. Лиу, меѓу другото, наведе дека понудата на Британија да им даде државјанство на жителите на Хонгконг е „чекор што претставува сериозно мешање во внатрешните прашања на Кина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот