Брисел ја тера Србија да испрати војници против Русија, тврди Лавров

Шефот на руската дипломатија обвини дека

Србија се соочува со директни барања од Брисел да испрати свои трупи против Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Парламентарното собрание на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), објави прорежимскиот „Спутник“.

Лавров тврди дека „бирократите во Брисел“ директно побарале од Србија да испрати свои војници во наводниот нов блок против Русија, за којшто самиот Лавров тврди дека го планира Брисел.

„И мислам дека е многу важно тие врски да се одржуваат и зајакнуваат. Бидејќи и Србија се наоѓа на фронтот, на линијата на борба за национална независност и се соочува со директни барања од бирократите во Брисел да заземе антируска политика, па дури и да испрати свои трупи во тој блок кој се заканува дека ќе биде формиран против нашата земја“, истакна Лавров.

Лавров посочи дека ОДКБ е заинтересирана за проширување на соработката со пријателски земји, вклучително и во статус на набљудувачи и партнери, меѓу кои по парламентарна линија ја вброи и Србија.

Тој претходно денеска рече дека „поради кризата во НАТО“, Западот може да формира нов блок со учество на Украина.

ВИДЕО | Насилник во служба на српските власти глуми Џејмс Бонд во државна канцеларија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот