Брејк на Бостон и Орландо (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Бостон селтикс се наоѓа пред пласман во полуфиналето на плејофот на Источната конференција откако како гостин со 104:96 ја совлада Индијана и поведе со 3:0 во победи. Лидер во триумфот на Бостон беше Џејлен Браун со 24 поени, додека Кајри Ирвинг уфрли 19 поени и имаше 10 асистенции.

Торонто репторс со триумфот од 98:93 како гостин поведе со 2:1 во победи против Орландо. Незадржлив во редовите на Торонто беше Паскал Сиакам со 30 поени и 11 скокови.

Во Западната конференција, Оклахома сити со 120:108 го победи Портланд и намали на 1:2 во серијата. Како по обичај, во главна улога беше дуелот Расел Вестбрук со 33 поени и 11 асистенции и Пол Џорџ со 22 постигнати поени, додека кај Портланд најрасположен за игра беше Демиен Лилард со 25 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот