Брегзит ќе ја чини Британија дури 200 милијарди фунти

Оваа сума ги „нулира“ вкупните 215 милијарди фунти што Велика Британија ги плати во заедничкиот буџет на Европската унија во последните 47 години.

Загубата предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија веќе достигна 130 милијарди фунти, а ќе порасне за дополнителни 70 милијарди до крајот на 2020 година, според истражувањето на „Bloomberg Economics“.

Гледајќи го економскиот раст, Брегзит најверојатно ќе ја чини Велика Британија повеќе од 200 милијарди фунти, а таа сума ги „нулира“ вкупните 215 милијарди фунти што Велика Британија ги плати во заедничкиот буџет на Европската унија во последните 47 години.

Според анализата на економистот Дан Хансон, деловната неизвесност доведе до тоа дека економскиот раст на Велика Британија заостанува зад стапките пред гласањето во 2016 година.

Ова значи дека економијата во Велика Британија е за три проценти помала, отколку што би можела да биде доколку не се гласаше за излез.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари, при што годишниот економски раст е веќе еден процент понизок отколку претходните години.

– Бидејќи Велика Британија се согласува на нов трговски однос со ЕУ и се справува со предизвикот со продуктивноста што го отежнува растот по финансиската криза, годишната цена на Брегзит веројатно ќе продолжи да се зголемува, вели Хансон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот