Бразилскиот конгрес бара истрага против Болсонаро поради обид за државен удар

Жаир Болсонаро / Фото EPA-EFE/Andre Borges

Комитет во бразилскиот Конгрес вчера официјално побара од обвинителите да го истражат поранешниот претседател Жаир Болсонаро за неколку можни обвиненија, вклучително и обид за државен удар поради немирите на неговите приврзаници во јануари.

Комисијата, што го истражува упадот во претседателската палата, Врховниот суд и конгресните згради на 8 јануари од приврзаниците на Болсонаро, со 20 гласови „за“ и 11 „против“ за прифаќање на конечниот извештај според кој екстремно десничарскиот поранешен претседател ќе се соочи со обвиненија за обид за соборување на владеењето на правото, политичко насилство и заговор.

Извештајот од 1.300 страници на заедничката комисија на Сенатот и Долниот дом, подготвуван врз основа на петте месеци сослушувања, не ја обврзува правно да дејствува Канцеларијата на јавниот обвинител.

Болсонаро (68) веќе е под истрага по различни обвиненија за корупција и злоупотреба на моќта.

На Болсонаро, кој беше претседател од 2019 до 2022 година, исто така во јуни му беше забрането да се кандидира на избори осум години поради лажно тврдење дека користел електронски уреди за гласање, кои лесно можеле да бидат хакирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот