Бразилецот Леонардо Дутра ќе го засили РК Вардар 1961?!

фото: EPA-EFE/WU HONG

Како што информира „Кадена Сер“, бразилскиот бек Леонардо Дутра ќе го напушти Сиудад де Логроњо по една и пол сезонава во тимот на Ла Риоха обележена со кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено, повреда од 20 февруари.

Се очекува во следните денови Дутра да биде објавен како нов играч на РК Вардар 1961.

Македонскиот шампион се насочи кон левиот бек, а Дутра кажа „да“ за нова етапа во неговата професионална кариера. Откако ќе заврши Светското првенство во Полска и Шведска, Бразилецот ќе го напушти Логроњо по што се очекува да се пресели во Скопје.

„Кадена Сер“ потсетува дека Вардар двапати ја освои ЕХФ Лигата на шампионите, со Раул Гонзалес во 2017 и Роберто Гарсија Парондо во 2019 година, воедно спомна дека клубт влезе во сериозен проблем во последните сезони.

Беше исклучен од ЕХФ оваа сезона да игра на кое било европско натпреварување поради долговите со некои поранешни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот