Браво, македонските ракометарки најдобри на ЕХФ шампионатот во Клаипеда

Кадетките се враќаат со трофејот од Клаипеда/Фото: facebook.com/rfmofficial

Денеска во големото финале на ЕХФ W17 шампионатот во Клаипеда (Литванија) македонската кадетска женска репрезентација го совлада Исланд со 27:26.

Во текот на првото полувреме двете репрезентации се менуваа во водство, во шестата минута Исланѓанките водеа со 3:1. Па, направивме серија од 4:1 за предност од 5:4 со погодокот на Младеновска во 13 минута од средбата.

Во понатамошниот период противничките повторно контролираа минимална позитива од еден гол разлика (6:5, 8:7), па ние се одвоивме на „плус два“ (11:9).

На паузата се замина со нерешени 12:12, а на стартот од вториот дел Торкелсдотир и Елиасдотир се погрижија за 15:13 за Исланд.

И во 44 минута ривалот имаше и 18:16, по што следуваше нова серија на погодоци нашите ракометни надежи од 5:1. Ризоска во 52 минута стрелаше за 21:19 за Македонија.

Од тој момент не дозволивме повторно да се врати противникот, константно држевме два голови разлика (22:20, 24:22), а на две минути до крајот сите дилеми победникот на турнирот ги реши Дукоска за 26:23.

Најефикасна на денешното финале во нашата селекција беше Дукоска со 11 голови, седум запиша Ризоска, а пет Коцева. Со овој успех У17 репрезентацијата обезбеди влез во елитата меѓу најдобрите 16 европски селекции.

ВИДЕО: Македонските кошаркарки го освоија трофејот на ФИБА „Челенџерот“ во Тбилиси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот