Босилков: Териите на заговорот се симптом на една болест – а болеста е недостатокот од влијание на обичниот човек во тоа што се случува во општеството

Иво Босилков е доктор по политички науки, со специјализација во областа на медиумски ефекти врз јавното мислење, кој во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за теориите на заговор изнесени во колумната „Теориите на заговор ќе ги неутрализира само инклузивен популизам“.

.-Во социјалната психологија, теориите на заговор се изучуваат од две гледни точки. Првата ги посматра како логичка структура и реторички стил, дефинирајќи ги како толкувања на комплексни и неповрзани феномени, намерно предизвикани од одредена група луѓе која е во основа семоќна. Поради ваквиот карактер на групата, секој директен обид да се докаже теоријата на заговор како неточна се смета како доказ за нејзината вистинитост, и дополнително ја засилува перцепцијата за моќта и генијалноста на групата заговорници.

Според втората гледна точка, теориите на заговор се облик на мотивирано резонирање како психолошка карактеристика која кај одредени луѓе е поизразена отколку кај други. Заедно со логичко-реторичката парадигма, ова објаснува и зошто оние кои веруваат во една теорија на заговор се исто така склони да веруваат и во други, преку меѓусебното надоврзување на поединечни теории во еден кохерентен наратив, кој всушност претставува светоглед, налик на идеологија, рече Босилков.

Поедноставување на работите во време кога постојат голем број информации и вести.

-Треба да нагласам дека мојата експертиза не се конкретно теориите на заговор, туку теориите на популизам, но постои една крстосница и место на преклопување во однос на тој менталитет кој што отсликуваат и едното и другото. Тоа е таа идеја за тој светоглед во кој што постои борба на доброто и злото. Тоа е од една страна премногу поедноставување на работите – се работи за комплексен свет и сите информации кои ги добиваме се обидуваме да ги поедноставиме тие вести, изјави Босилков.

Теориите на заговор се сосема нормална појава.

-Теориите на заговор не треба априори да се отфрлаат. Тоа не помага. Се работи за сосема нормална појава која треба да се моделира. Постои одредена доза на вистина во тие терории. Проблемот е што доаѓаат во пакет. Едноставно тоа значи дека ако ти веруваш во одредени работи(штетноста на 5Г), ти тоа го правиш на прашање на живот и смрт и пред да приметиш си завршил на „сатанистички култови што пијат крв“. Начинот тоа да се интегрира, инстиктот дека работите не се такви како што треба да бидат и дека постои нешто зад сцената е баш тоа – инклузивен популизам. Териите на заговорот се симптом на една болест – а болеста е недостатокот од влијание на обичниот човек во тоа што се случува во општеството, поентираше Босилков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот