Борисов: Поистои неискористен потенцијал за проширување на соработката меѓу Бугарија и Косово

Фото: МИА

„Постои неискористен потенцијал за проширување на соработката во областа на економијата, инвестициите и туризмот“, напиша Борисов на Фејсбук.

Бугарскиот и косовскиот премиер, Бојко Борисов и Албин Курти, денеска се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, а по средбата беше заклучено дека нема нерешени билатерални прашања.

Бугарскиот премиер напиша на Фејсбук дека „нема нерешени прашања меѓу Косово и Бугарија и оти билатералните односи ги карактеризира меѓусебна доверба”.

Тој додаде дека има неискористен потенцијал за проширување на соработката во различни области.

– Постои неискористен потенцијал за проширување на соработката во областа на економијата, инвестициите и туризмот – напиша Борисов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот