Борисов: Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со Северна Македонија и Албанија

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов е убеден дека актуелниот премиер Кирил Петков не е во состојба да го реши билатералниот спор меѓу властите во Софија и Скопје, јави БГНЕС.

Изјавата на Борисов беше по повод најновиот развој на нашите билатерални односи и предлогот на француското претседателство  што бугарската влада го достави до собраниската Комисија за надворешна политика доцна во петокот.

– Ја гледате ли подлоста? Тој се обидува тајно да договори нешто што ќе излезе пред јавноста. Гледате дека се случува, но не затоа што тој е лош, туку парламентот така одлучил. Не, до ден-денес јасно е дека Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со Северна Македонија и Албанија – рече Борисов.

Петков во петокот вечерта рече дека лично не го ни прочитал францускиот предлог. Вчера тој истакна дека доколку нема одлука на парламентот, нема да донесе одлука за укинувањето на ветото за за почеток на преговорите на Македонија за влез во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот