Борел: Во ЕУ сѐ уште нема договор за шестиот пакет санкции за Русија

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Европската унија сѐ уште не постигнала договор за шестиот пакет санкции против Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ.

Борел кажа дека сè уште нема неопходен консензус за предложената забрана за увоз на руска нафта.

– Ќе продолжиме да воведуваме санкции кон Русија со цел да ги направиме последиците од инвазијата неподносливи за Кремљ. Продолжуваме да зборуваме за тоа. За жал, денеска не беше можно да се постигне договор за финализирање на шестиот пакет санкции, рече Борел.

Тој објасни дека шефовите на дипломатиите разговарале за секаков вид поддршка за Украина, економска и воена, и договориле дополнителна помош од 500 милиони евра за набавка на оружје, со што вкупната сума што ЕУ ја наменила за таа намена достигна две милијарди евра.

Борел кажа дека тоа е само врвот на ледениот брег, бидејќи членовите поединечно даваат голема помош.

Тој предупреди и на последиците од војната во Украина врз безбедноста на храната во светот и економијата на многу земји во развој.

„Мораме да ѝ помогнеме на Украина да продолжи со производството и извозот на житарици и пченица, рече Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот