Борел најави интензивна соработка на ЕУ со Западен Балкан во борбата против коронавирусот

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел / Фото: Слободен печат, архива

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама оцени дека ЕУ интензивно сорабоува со Западен Балкан за решавање на влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз општеството и економијата.

„Тие се согласија дека е потребна силна и координирана акција за да се спречи влијанието на оваа пандемија врз општеството и економијата”, се вели во соопштението на ЕУ.

Во соопштението се додава дека тој повторно изразил задоволство од одлуката на Советот на ЕУ за отворање преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија.

„Високиот претставник истакна дека ова е добра вест за овие земји, Западен Балкан и Европската унија”, се заклучува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот