Борба за пари: Присила Присли го оспорува тестаментот на ќерката Лиза Мари

Присила и Лиза Мари Присли / Фото: EPA-EFE/LANCE MURPHY

Присила Присли, поранешната сопруга на рокенрол легендата Елвис Присли, поднесе правно барање да ја оспори валидноста на тестаментот на нивната покојна ќерка, објави „Би-би-си“.

Лиза Мари Присли, единственото дете на двојката, почина на 12 јануари на 55-годишна возраст, од срцев удар.

Фото: Профимедиа

Измената на тестаментот на Лиза Мари од 2016 година, со која Присила беше отстранета од функцијата управител на имотот, се оспорува во Апелациониот суд.

На документот е погрешно напишано името на Присила и потписот изгледа необично, тврдат адвокатите на Присила.

Во поднесокот во Врховниот суд во Лос Анџелес, нејзините адвокати рекле дека таа станала свесна за „наводниот амандман од 2016 година“ дури по смртта на Лиза Мари.

Тој додадок на тестаментот ги отстранува Присила и поранешниот деловен менаџер Бери Сигел како ко-управители и ги заменува со децата на Лиза Мари – Рајли (33) и Бенџамин Кио.

Бенџамин Кох почина во 2020 година на 27-годишна возраст. Рајли Кио е актерка.

Присила Присли, Лиза Мари Присли, Рајли Кио, Хапер Локвуд и Финли Локвуд/Фото: OConnor/AFF-USA.com/PA Images/ Profimedia

Според адвокатите, Присила Присли тврди дека додатокот не ѝ бил доставен за време на животот на нејзината ќерка, како што конкретно се бара во тестаментот.

Во додатокот на тестаментот на Лиза Мари, исто така, „погрешно е напишано името на нејзината мајка“ и го носи потписот на Лиза Мари, што „изгледа не е во согласност со нејзиниот вообичаен потпис“, стои во судските поднесоци во кои „Би-би-си“ имал увид.

И нејзините адвокати тврдат дека измената на тестаментот не била заверена на нотар.

„Врз основа на претходно наведеното, наводниот амандман од 2016 година треба да се смета за неважечки“, се вели во поднесокот.

Правната постапка доаѓа помалку од една недела откако семејството на Лиза Мари Присли присуствуваше на јавна комеморација за неа на семејниот имот Грејсленд во Мемфис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leslie Hickman-Fowler (@leslieh74)


На богослужбата, Присила прочитала песна, за која рекла дека ја напишала една од трите ќерки на Лиза Мари.

Сите три, вклучувајќи ја и Рајли, присуствуваа на службата.

Судскиот вештак на округот Лос Анџелес сè уште не ја открил причината за смртта на Лиза Мари.

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

Лиза Мари Присли месечно трошела 400.000 долари на одвикнување од зависности

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот