Лиза Мари Присли месечно трошела 400.000 долари на одвикнување од зависности

Лиза Мари Присли / Фото: Profimedia

Музичарката Лиза Мари Присли почина на 12 јануари, на 54-годишна возраст, како последица на срцев удар. Таа беше единствената ќерка на „кралот на рокенролот“ и плод на големата љубов помеѓу Елвис и Присила Присли. Лиза го наследи талентот за музика од татко ѝ, а неверојатната убавина од мајка ѝ. Со други зборови, таа беше совршена комбинација, но животот не ѝ сервираше убави нешта.

Лиза Мари Присли / Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Како и нејзиниот татко, Лиза Мари се борела со зависност од лекови против болки. Откако ја прекинала врската со нејзиниот четврти сопруг Мајкл Локвуд, таа се пријавила во установа за рехабилитација.

„Има приватен тим за детоксикација за 400.000 долари месечно, а сите лекари доаѓаат во нејзината соба“, изјавил во една прилика извор близок до семејството, тврди „Marca“.

Присила Присли била преокупирана со борбата на својата ќерка против зависностите и „често ја посетувала“, а извори тврдат дека нејзината зависност од таблети против болки започнала пред да се раздели со Мајкл Џексон. Тврдела дека има „неиздржливи болки во грбот“.

Присила Присли, Лиза Мари Присли, Рајли Кио, Хапер Локвуд и Финли Локвуд / Фото: OConnor/AFF-USA.com / PA Images / Profimedia

Други тврдат дека ужасниот скандал со нејзиниот сопруг Локвуд, кој ги злоупотребувал нејзините финансии, многу ѝ го отежнал животот, а Лиса Мари доживеала „целосен емоционален слом и работите излегле надвор од контрола“.

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

Имот вреден 500 милиони долари: Кој ќе го наследи Грејсленд по смртта на Лиза Мари Присли?

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот