Болна исповед на мајката на Дражен Петровиќ: Слушалката ми испадна од рацете и тргнав кон балконот
Бисерка, мајката на Дражен Петровиќ дури по 25 години молк, минатата година одлучи да ја отвори душата и да раскаже како дознала дека го загуби синот.
– На тој 7 јуни 1993 година чекав да ми се јави Дражен, имаше обичај да ме побара кога ќе помине одреден дел од патот. Заѕвони телефонот, се јавив, мислев дека е Дражен. За жал не беше тој, на телефон ми се јави македонка која на хрватски јазик ме праша дали е тоа станот на Петровиќ. Кога одговорив потврдно, ми кажа дека Дражен починал. Почнав да плачам, слушалката ми падна од раце и во таква состојба тргнав кон балконот… Тоа многу ме погоди. За среќа, мојот сопруг беше дома и ме запре. Тоа беа најтешките денови од мојот живот, на погребот беа илјадници луѓе – раскажува Бисерка.
Таа два дена по погребот, отишла на гробот на својот син каде сретнала човек чии зборови и се врежани засекогаш.
– Таму беше еден човек кој ми кажа „Вие го родивте но тој ни припаѓа на сите нас. Тој е нашиот Дражен и сите плачевме за него“. Тие зборови никогаш нема да ги заборавам – се потсетува Бисерка Петровиќ.
Мајката на најдобриот европски кошаркар на сите времиња иако има голема болка во срцето, таа е среќна бидејќи и по повеќе од 20 години, Дражен Петровиќ е сакан и ценет поради тоа што го направи за кошарката.
– Мислам дека е невозможно да не се сака Дражен Петровиќ. Како мајка сум среќна што во Хрватска многу сали го носат името на мојот син – вели Бисерка Петровиќ.