Бојан Кркиќ: Меси, Роналдо и Надал не треба да бидат примери за децата

Фото: EPA-EFE/Marta Perez

Бојан Кркиќ, фудбалерот кој има српско потекло објави документарец во кој зборува за менталното здравје на фудбалерите.

Документарецот „Бојан Кркиќ, зад насмевката“ ги руши табу темите дека фудбалерите не зборуваат за менталното здравје.

Кркиќ некогаш беше голема надеж на Барселона и Шпанија, но не успеа да се избори со притисикот и со години се лекуваше од депресија и анексиозност. Кркиќ во најавата за документарецот објасни зошто луѓе како Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Рафаел Надал не треба да бидат примери за децата.

„Документарниот филм е нешто кое долго време сакав да го направам и да ги пренесам своите искуствa. Сакав да објаснам што доживеав. Ова не е документарец само за љубителите на фудбалот, тој и понатаму зборува за личните ситуации и не учи дека Лионел Меси не треба да пример.

Меси, Роналдо и Рафаел Надал не се вообичаени случаеви и тие не треба да се пример на младите. Тие се извонредни, тоа не е успеј, тоа е нешто што им се случува само на нив. Успехот може да се примени во различни сценарија. Тоа што тие го направија само создава притисок“, изјави Кркиќ и посочи пример.

Како пример што за него значи успех го посочува Серхио Каналес.

„За мене успех е ситуацијата на Серхио Каналес, трипати го оперираше коленото и успеа да стигне до репрезентацијата. Тоа е пример за успех“, додава Кркиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот