БМВ, Мерцедес и Ауди се најомилени возила меѓу крадците

Мерцедес лого/ Фото Live Media Publishing Group / Alamy / Alamy / Profimedia

Автомобилите од брендот БМВ се најпосакувани меѓу крадците, бидејќи 17,7% од сите украдени возила проверени на платформата „карВертикал“ припаѓаат на овој германски производител.

Моделите на Meрцедес-Бенц (15,3%) и Aуди (12%) исто така привлекуваат измамници, што укажува на тоа дека сопствениците на луксузни возила треба да бидат претпазливи.
Во топ 5 влегоа и Форд (6,1%) и Фолксваген (5,4%). Повеќето од украдените возила се произведени помеѓу 2016 и 2019 година. Возилата стари меѓу пет и седум години се многу пожелни на пазарот на половни автомобили. Најголем дел од украдените автомобили се произведени во 2016 година – 12,4%. Но, тоа не значи дека возачите на постарите автомобили не треба да бидат внимателни, бидејќи и крадците ги таргетираат.

Истражувањето анализираше информации од 26 различни земји: Велика Британија, САД, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Романија, Литванија, Латвија, Естонија, Словачка, Словенија, Хрватска, Украина, Чешка, Полска, Бугарија, Србија, Шведска, Швајцарија, Данска, Финска, Австралија и Мексико. Сите информации се засноваат на собраните податоци на компанијата, објави Пословни дневник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот