„Бизнис трка 2021“ викендов во Скопје

Целта на оваа трка, како што информираат од организаторите, е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените / Фото: Фејсбук, Прв до врв

Штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор „Бизнис трка 2021″, ќе се одржи на 25 септември во Скопје.

Како што информираат од „Прв до врв“, за трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

На последното издание на трката најбрз бил тимот на Комерцијална Банка, втор тимот на Фитнес Парк, а третото место го освоила екипата на Унибанка.

Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија, а сите заинтересирани може да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со денеска.

Најбрзите три тимови на „Бизнис трка 2021“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка, како што информираат од организаторите, е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот