Бизарна несреќа во Белгија: Маж се удави во канал обидувајќи се да си ги најде клучевите

Бриж, Белгија- Фото: Пекселс/ viktor-mogilat

29-годишен маж се удави во белгискиот град Остенде вчеравечер откако се обидел да ги извади клучевите што му паднале во водите од градскиот канал.

Според „Белгиум тајмс“, несреќата се случила во близина на училиште „Конинклијк Верк Ибис“ кога двајца мажи на возраст од 29 и 21 година се обиделе да ги извадат клучевите, поради што постариот маж се лизнал и паднал во водата.

Помладиот се обидел да го спаси својот пријател, но од силната струја и тој паднал во водата. Минувачите брзо ја повикале Итната помош и успеале да го извлечат 21-годишникот, кој потоа бил пренесен во болница во тешка состојба, но денеска е е веќе стабилизиран.

За жал  другиот маж, жител на Остенде, бил однесен од струјата. Спасувачите започнале потрага веднаш, но телото на удавениот го нашле дури изутрината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот