Битиќи: Забележавме зголемување на просечната плата не само во јавниот, туку и во приватниот сектор

Фатмир Битиќи - вицепремиер / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Зголемувањето на благосостојбата на нашите граѓани е главната цел на нашата влада. Во периодот 2016-2023 година забележавме извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој сподели графици на кои се гледа дека платите во преработувачката индустрија пораснале за 88 отсто, од 17.097 денари на 32.197 денари. Платите во рударството и вадење камен пораснале од 26.247 денари на 47.958 денари или 82 отсто.

Од графикот споделен од вицепремиерот Битиќи може да се види дека во земјоделството, шумарството и рибарството платите пораснале за 71 отсто, од 16.870 на 28.950, додека во снабдувањето со електрична енергија платата пораснала за 31 отсто, од 37.226 на 49.089 денари.

Платите во секторот информации и комуникации од 2016 до 2023 година пораснале за 91 отсто, од 36.501 денар просечна плата, на 70.017 денари, додава вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Од приложените податоци може да се види дека платите во градежништвото и трговијата на големо и мало пораснале за над 70 отсто, дополнува вицепремиерот.

„Во градежништвото платата од 21.200 се зголемила на 36.534 денари или 72 отсто раст, додека во трговијата на големо и трговијата на мало, платата се зголемила од 20.313 денари на 34.718 или раст од 70 отсто.Раст на платите од 50 отсто има и во секторот транспорт и складирање, од 22.906 на 34.383 денари. Во секторот снабдување со вода и управување со отпад, платата пораснала од 19.855 денари на 29.207 денари, раст од 47 отсто“, напиша Битиќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот