Битиќи: Избравме соодветен, праведен и правичен модел за да му помогнеме на туристичко-угостителскиот сектор

Фото: mia.mk

 Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет на економски мерки, само за угостителството се предвидени 9,9 милиони евра и сметаме дека тоа е соодветен, праведен и правичен модел кој го избравме за да му помогнеме на туристичко угостителскиот сектор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Моделот го засноваме на тоа што сите сме посеале. Ако во 2019 и 2020 година компаниите уживаа во неформалната економија, а денеска бараат помош од државата, за жал не можеме да одговориме. Но, сите кои соодветно постапувале и оперирале ќе добијат соодветна помош според моделот кој  го креиравме – компензација на дел од приходите и компензација на дел од плата за секој вработен, рече Битиќи во одговор на прашање по пуштањето во употреба на фабриката на германската компанија „Гересхајмер” во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик.

Тој нагласи дека и досега се среќавал со претставници на Туристичко-угостителската комора, а и пак ќе се види со нив за да разговара.

– Мораме да сфатиме дека и во период на криза треба да се обидеме да креираме систем кој е одржлив и кој ќе даде дополнителни позитивни ефекти на среден рок. Сметам дека овој модел еднаш за секогаш ќе ги исфилтрира тие кои заслужуваат да добијат помош, а  за тие што помалку заслужуваат се надевам дека ќе ги опфатиме со другите тековни програми со кои работиме на сузбивање на сивата економија, на зголемување на вработливоста, рече Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека во развојот и креирањето на политиките има два пристапа од кои првиот е, како што рече, една капа за сите, а вториот е скроена капа за различни.

– Ние креираме скроени модели и политики за одредените категории на угостители, прецизира Битиќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот