ФОТО | Беше жртва на цунами, свршеникот ѝ загина пред очите, а таа со часови гола чекаше да ја спасат

Петра Немцова/Колаж
Петра Немцова/Колаж

Ниту овогодишниот Филмски фестивал во Кан не пројде без познатата манекенка и една од најпознатите природни убавици на светот, Петра Немцова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)


Петра допатува во Кан, а модните критичари со нетрпение чекаа да приреди нов спектакл на црвениот тепих. Нејзиното име е асоцијација за врвен стил, но и потсетување на исклучително тешката борба која ја водела пред 19 години.

Петра Немцова, која е една од бројните познати дами на Канскиот фестивал, е родена пред 44 години во Чешка. Таа била мис на оваа земја, а првите чекори во манекенството ги направила во светската престолнина на модата – Милано.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)


Ѝ се случила љубов со фотографот Сајмон Атли, со кој и соработувала. Нивното патување во Тајланд, каде се упатиле на 26 декември 2004 година, се претворило во хорор.

Нивната приказна започнала како во бајка – Сајмон ја запросил и започнале да ја планираат венчавката. Но, во еден момент сè се променило. Тајланд го зафати разорно цунами кое беше предизвикано од земјотрес во Индискиот океан и во кое настрадаа 230.000 луѓе.

Ударот од цунамито ја исфрлил неа и нејзиниот свршеник од бунгаловот во кој престојувале. Таа се здобила со повреда на карлицата и внатрешните органи, но собрала сили да се качи на палма, каде 8 часа чекала некој да ја спаси.

„Се вративме во хотелската соба во бунгалов по долгата прошетка на плажа. Сè беше прекрасно, забележавме дека водата многу се повлекла од плажата и тоа нè зачуди“, раскажала Петра во една прилика.

Налетите на вода ги скршиле сите прозорци во собата и ги разделиле Петра и Сајмон. Последно што слушнала од него е како ја довикува.

„Во еден момент прифатив дека ќе умрам, се препуштив и почувствував необичен спокој“, додала таа и истакнала дека нагонот за преживување победил. Кога нивото на водата се спуштило, успеала да се качи на дрво.

„Најлошо ми беше што ги гледав беспомошните деца, ги слушав како врескаат, а не можев ништо да направам“, напоменала Немцова, која ја спасиле мештаните. Лекарите процениле дека поради тешките повреди нема да може да оди, но таа ги победила таквите прогнози.

Верувала дека нејзиниот свршник преживеал и не сакала да замине од Тајланд додека не дознае нешто за него. Тој бил пронајден мртов 3 месеци подоцна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)


Немцова вели дека ја изгубила личноста која најмногу ја сакала и има чувство како да живее за двајцата. Таа ја отпочна организацијата „Happy Hearts Fund“ која им помага на места зафатени од природни непогоди.

Петра во 2019 година се омажи за Бенџамин Ларече со кого доби син.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот