БиХ со кандидатски статус за членство во ЕУ следниот месец

Сараево аеродром/ Фото Skorzewiak / Alamy / Alamy / Profimedia

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ, рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот.

Тој наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето”, но истакна дека проширувањето е процес кој бара многу.

Сега земјите кандидати треба прво да ги исполнат своите задачи”, рече Вархеји.

Последна земја што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година.

Првиот дел од Форумот на Унијата за Медитеранот, организација создадена во 2008 година, е посветен на прашањата за безбедноста на снабдувањето со храна и енергија под влијание на конфликтот во Украина. Вториот дел е посветен на безбедноста и миграцијата во соседството на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот