Безмилосната власт ги суди и децата-борци за демократија во Хонгконг

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Момче на 12-годишна возраст стана најмладата личност која е обвинета за прекршок на антивладините протести во Хонгконг, пренесуваат локалните медиуми.

Детето, чие име не е познато за јавноста, било уапсено додека одело на кон своето училиште, еден ден откако учествувало во демонстрациите во октомври.

Момчето признало дека предизвикало штета со пишување на слогани со спреј на полициска станица и во метро-станица, и ќе биде судено следниот месец.

Во Хонгконг од почетокот на демонстрациите во јуни, повеќе од 5.000 луѓе се уапсени, меѓу кои и деца на возраст од 12 до 15 години, иако ова е првпат едно од нив да биде осудено.

Протестите започнаа поради контроверзниот предлог-закон со кој ќе беше дозволено властите да ги екстрадираат осомничените криминалци во Кина.

Хонгконг е дел од Кина, но како поранешна британска колонија има посебни слободи кои не се овозможени во другите делови на Кина.

Иако самиот закон беше повлечен, демонстрантите продолжуваат да бараат истраги за полициска бруталност, и амнестија за сите кои беа уапсени на протестите.

Но на крајот, движењето е поради стравувањата, особено меѓу младите луѓе, дека нивниот личен идентитет е под закана од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот