Без вода делови од Центар и Карпош

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” 74, Пожарната и дел од улицата „Њуделхиска”, како и корисниците на поголем дел од булеварот и од улицата „Анкарска”.

Улиците „Атинска” и „Бахар Моис” ќе бидат со намален притисок.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради технички проблеми при изведување на најавената реконструкција на бул. „Митролит Теодосиј Гологанов” 74.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато сѐ до завршување со активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот