БЕЗ ЛАГИ И ПОМАЛКУ „ЕМОЏИ“: Како најбезбедно да се допишувате со девојка – Слободен печат
ЕспресоСекс

БЕЗ ЛАГИ И ПОМАЛКУ „ЕМОЏИ“: Како најбезбедно да се допишувате со девојка

Ако се сретнете на состанок, сите ваши „карикирања“ на реалноста ќе излезат на виделина

Допишувањето преку социјални мрежи стана еден од основните начини на запознавање, пред да се случи првиот состанок.

Фактот што девојката физички не е покрај вас, ви дозволува малку да карикирате околу своето претставување пред нејзе, но со секој нов ред од разговорот, сè поблиску сте до средба. А тогаш, некои нешта нема да можете да ги скриете.

Затоа, ова никогаш не смеете да го заборавите:

Правило на „смајлиња“

Нормално е да користите „емоџи“, но не и да претерувате со нив. Покажете дека сте зрел маж кој е вреден за нејзиното внимание. Подобро е да ѝ докажете дека умеете со зборови, отколку да ги визуелизирате своите реченици со сликички.

Не е важно само лицето

Кога некоја девојка покажува интерес за вас, нејзе ја интересираат и вашите секојдневни навики. Затоа, не претерувајте со селфи-фотографии ниту пак со оние во огледало. Наместо тоа покажете ѝ какво кафе пиете, каде се движите, што читате…

Умереност

Преку „четување“ можете да бидете најголемиот заводник, но кога ќе дојде до средба, таа уште во првите неколку минути ќе ве процени. Нема потреба да се фалите, бидејќи само можете да го уништите реалниот впечаток кој би го оставиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close