Беретини и Зверев ќе играат за титулата во Мадрид

epa09185380 Alexander Zverev of Germany in action against Dominic Thiem of Austria during their semi final match at the Mutua Madrid Open tennis tournament in Madrid, Spain, 08 May 2021. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Италијанецот Матео Беретини и Александар Зверев ќе играат во утрешното финале на Мастерсот во Мадрид. Беретини кој е осми носител на Мастерсот во Мадрид, во два сета го совлада Норвежанецот Каспер Руд во два сета и тоа со 6:4,6:4.
И двајцата тенисери одлично сервираа во првиот сет, а единствената брејк топка ја имаше Беретини и ја искористи со која поведе со 5:4 и во наредниот гем на свој сервис не му дозволи ниту еден поен на противникот за водство од 1:0 во сетови. И во вториот сет имаше само еден брејк кој го освои Италијанецот со што си закажа битка за трофејот против шестиот тенисер на светот.

Александар Зверев одличната форма ја потврди и во полуфиналето каде го победи Доминик Тим со 6:3,6:4 и тоа за само 98 минути игра. Зверев одлично го започна дуелот и брзо дојде до 4:1 во гемови по што рутински ја одржа предноста до крајот на првиот дел од дуелот.
И во вториот сет, Зверев го диктираше ритамот, го одзеде сервисот на Тим во третиот, а потоа и во петтиот гем со што дојде до предност од 4:1. Тим успеа да врати еден загубен сервис, но немаше сили за нешто повеќе по што Зверев доби можност утре да се бори за трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот