Бензините поскапи за еден денар, а дизелот за 2,5 денари

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Бензините ќе поскапат за еден денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,146 денари за килограм.

Според РКЕ, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 90,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 денари, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83 денари, додека мазутот ќе биде 47,304 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19 отсто во однос на одлуката од 4.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,308 отсто, кај дизелот за 3,641, кај екстра лесното масло за 3,940 и кај мазутот зголемувањето е за 2,280 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,705 отсто, наведува РКЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот