Бенкмен-Фрид обвинет за поткуп

Сем Бенкмен-Фрид/Фото Chicago Tribune/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Сем Бенкмен-Фрид, основачот на неуспешната крипто фирма „ФТХ“, е обвинет за поткуп на најмалку еден кинески функционер. Тој е обвинет дека одобрил мито од „најмалку 40 милиони долари“ за да се обиде да добие пристап до трговските сметки замрзнати од кинеските власти, пишува Би-Би-Си.

Обвиненијата се во прилог на случајот за измама поднесен минатата година по колапсот на „ФТХ“. Банкмен-Фрид претходно се изјасни за невин. Тој моментално е во домашен притвор, во куќата на неговите родители во Калифорнија, каде што го чека судење. Ажурираното обвинение тврди дека Банкмен-Фрид го одобрил митото откако кинеските власти ги замрзнале сметките со околу 1 милијарда долари во криптовалути што и припаѓаат на неговата фирма „Аламеда Рисрч“.

Наводниот поткуп следеше по неколкумесечни обиди за пристап до средствата, за кои Банкмен-Фрид веруваше дека биле замрзнати како дел од истрагата за друга трговска фирма. Сето ова се случуваше пред драматичниот колапс на „ФТХ“ минатата година, кога извештаите за финансиите на компанијата доведоа до наплив на повлекувања, што ја турна компанијата во банкрот.

По колапсот, поради кој многу луѓе не можеа да пристапат до нивните средства, беше поднесена кривична пријава против Банкмен-Фрид. Тој е обвинет за неправилно користење на депозитите на клиентите во „ФТХ“ за финансирање на неговата друга компанија, „Аламеда Рисрч“, како и за купување имот и политички донации.

Колапсот на „ФТХ“ фрли дополнителен сомнеж врз крипто индустријата, која веќе се справуваше со големи падови на вредноста на биткоинот. Бенкмен-Фрид беше една од најистакнатите фигури во секторот, водејќи берза која имаше повеќе од милион корисници и беше рангирана од некои како трета по големина платформа за тргување во светот.

Банкмен-Фрид призна лошо управување, но негираше измама. Тројца од неговите најблиски соработници ја признаа вината и соработуваат со истражителите. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со повеќе од 100 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот