Белорусија уште една година ќе биде под санкции на ЕУ

Александар Лукашенко / Фото EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV / SPUTNIK /

Европскиот советот денеска донесе одлука за уште една година да ги продолжи рестриктивните мерки кон Белорусија, воведени поради внатрешната репресија во земјата и поддршката на руската воена аграсија Украина.

Со оваа одлуката, која беше донесена врз основа на оценката за постоење на континуирана репресија и драстично влошена состојба со човековите права во Белорусија и за вклученост на земјата во нелегалната воена агресија на Русија против Украина, санкциите се продолжени до 28 февруари 2025 година.

Почнувајќи од август 2020 година, ЕУ во неколку наврати воведе на санкции кон поединци и субјекти одговорни за внатрешна репресија и кршење на човековите права во Белорусија, како и за вмешаноста на земјата во руската војна против Украина.

– Со овие мерки, ЕУ им сигнализира на одговорните политички и економски актери дека нивните постапки и поддршка за режимот и за Русија имаат цена, се наведува во соопштението.

Во моментов на оваа листа се наоѓаат 233 лица, вклучувајќи го и белорускиот претседател Александар Лукашенко, како и 37 ентитети.

Рестриктивни мерки вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства на санкционираните, а на физичките лица им е забранет и влез во ЕУ.

Дополнително, во рамки на режимот на санкции, рестриктивни мерки се воведени и кон белорускиот финансиски сектор, трговијата, стоките со двојна употреба, технологијата и телекомуникациите, енергијата и транспортот.

Советот ја потврди својата непоколеблива поддршка на барањата на белорускиот народ за слободна, демократска, суверена и независна Белорусија, како дел од мирна и просперитетна Европа. Советот, исто така, ја изрази својата длабока загриженост за влошената состојба на човековите права во земјата и силно го осудува континуираниот прогон во белоруското општество и континуираната поддршка што белорускиот режим ја дава на руската агресивна војна против Украина и ја повикува Белорусија да се воздржи од таквите дејствија и да ги почитува своите меѓународни обврски, се нагласува во соопштението.

Советот, исто така, ја повторува својата посветеност да бара одговорност за оние кои ги кршат човековите права и вршат злоупотреби. – Во согласност со својот постепен пристап, ЕУ е подготвена да преземе дополнителни рестриктивни и насочени мерки се додека белоруските власти продолжуваат со овие активности, додава Европскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот