Белград на вода испадна од игра, гастарбајтерите купуваат недвижен имот на други локации

Белградски саем/ Фото: Википедија

Иако интересот на српските гастарбајтери претходно беше насочен кон локации како што е Белград на вода, сега тие се насочени кон нови градби во другите делови на главниот град и на планините.

Според податоците на порталот „4зида“, најбарани станови во новоградба и станови во планина има во Златибор и Копаоник, за кои има и најмногу огласи. Освен за овие две планини, потенцијалните купувачи од дијаспората се повеќе се интересираат за станови во Дивчибари, Тара, а ваков вид на недвижности се продаваат и во Врњачка бања, анализира Нова.рс.

Оние кои сакаат да вложат вишок пари, гледаат што можат да продадат по добра цена и најчесто се одлучуваат за стан во нова зграда во Белград, дури и за станови на Копаоник или на Златибор.

Тие се одлучуваат за станови од 70 до 100 квадрати. Оние кои се враќаат да живеат во Србија, сакаат да се населат или каде живееле претходно или во населби каде што познаваат некого. Во Белград генерално сакаат да бидат во центарот, во Врачар.

Според податоците на „4зида“, просечната цена на становите во новоградба во Златибор е 2.040 евра/м2, а истата цена е и во Копаоник, околу 1.982 евра/м2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот