Бектеши: Солидарност мора да постои – да им се помогне на оние кои им е најнеопходно

Крешник Бектеши, министер за економија/Фото: Скриншот

– Не може да биде ист товарот и за домаќинства со минимални примања и за оние со повисок приход, солидарност мора да постои. Во време на криза, како оваа, треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Коментирајќи ги блок – тарифите за наплата на електрична енергија вели дека домаќинствата кои имаат доволно приходи и можност да ги плаќаат сметките, не треба да бидат субвенционирани.

– Ни претстои тешка зима, но на дневна база ние секогаш ќе излеземе пресрет – нагласи ресорниот министер кој денеска во Тетово присуствуваше на врачување договори за „Субвенционирање плати“.

Тој повторно укажа и на злоупотребите направени, како што рече, од страна на некои бизнисмени и фирми.

На прашањето за поддршка на бизнис секторот, министерот е дециден дека државна помош во континуитет има и за компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот