Бектеши: Објавена е листата на граѓани кои ќе добијат по 6.000 денари за поттик на домашниот туризам

На листата се наоѓаат сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно, односно вработените кои не оствариле приходи повисоки од 60.000 денари во периодот од јануари до април годинава, соопшти Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната пресконфенреција, го најави пуштањето во функција на платформата „Дома си е дома“, односно соопшти дека е објавена листата на граѓани кои ќе добиваат ваучери за поттик на домашниот туризам.

– Ќе им овозможиме на вкупно 117.122 граѓани со ниски примања да одат на летување. Оваа мерка ќе помогне за развој на целиот туризам во земјава преку посета на повеќе места во земјава кои досега не беа развиени и не беа познати. Предвидени се над 10 милиони евра за туризмот во државава. Од денеска официјачно е пуштена во употреба платформата „Дома си е дома“ и со тоа почнува мерката за издавање ваучери за домашен туризам. Конечната листа е веќе објавена на интернет страницата каде што сите добитници ќе можат да проверат дали се на листата или не. На листата се наоѓаат сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно, односно вработените кои не оствариле приходи повисоки од 60.000 денари во периодот од јануари до април годинава. Овие граѓани ќе добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти. Тие ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари од мерката „Купувам домашно“ – истакна Бектеши.

Министерот дека граѓаните кои се на листата ќе ги добијат ваучерите за туризам преку електронска пошта и за нив не е потребно посебно аплицирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот