Бектеши: Нема нови рестриктивни мерки за угостителството и туризмот

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Не се предвидува да има нови рестриктивни мерки во Секторот угостителство и туризам во периодот што следи имајќи ги во предвид податоците што ги имаме од страна на Комисијата за заразни болести, а и очекувањата за вакцинирање на населението за заштита од Ковид-19, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Моментално нема такви дискусии во Владата, а согласно моите информации ни во Комисијата за заразни болести. Во моментов остануваат на сила мерките кои се усвоени од страна на Владата по препорака и предлог од страна на Комисијата за заразни болести, но секако ако се намали бројот и процентот на заразени со Ковид-19 ќе се донесат олеснувања. Согласно податоците кои ги имаме не очекуваме да има дополнителни рестриктивни мерки, рече Бектеши во одговор на прашање наденешната прес-конференција.

Тој посочи дека Министерството за економија и Владата секојдневно добиваат барања од страна на различни сектори за олеснување нарестриктивните мерки и посочи дека асите треба да ги почитуваме доколку останат на сила мерките.

Истакна дека има над илјада апликации од компании од Секторот туризам и угостителство најавниот повик за субвенции од кои дел се од приватните сместувачки капацитети во делот на враќање на туристичката такса.

-Повеќето од нив во 2019 година пријавиле многу мал број на гости и можеби повеќе ги чини документацијата за аплицирање од парите што ќе ги добијат, но сериозните туристички агенции, хотелиери и ресторани ќе добијат субвенции имајќи во предвид дека ги исполнуваат условите. Дополнително ќе добијат и рестораните за свадба – рече Бектеши.

Нагласи дека до моментот пред да се објави јавниот повик во Министерството за економија имало само 20 категоризирани ресторани за свадба, а согласно податоците што ги имаме сега, додаде, имаме над 100 апликации кои ги исполнуваат условите и ќе добијат грант.

-Тоа придонесува за формализација на овој многу важен скетор од угостителството во нашата држава – нагласи Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот