Беџети до Шилегов: Езерото Треска му припаѓа на Сарај, додека беше под надлежност на Град Скопје беше уништено

Езеро Треска Фото: Википедија

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети за ТВ 21 вели дека додека било под надлежност на Град Скопје, езерото Треска било уништено.

Синоќа во емисијата Клик Плус градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека надлежностите за Треска не и ги предал на општина Сарај туку тоа го сторил неговиот претходник, Коце Трајановски.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети за ТВ 21 вели дека додека било под надлежност на Град Скопје, езерото Треска било уништено.

-Не е на нивно ниво да дискутираат за надлежностите зошто и се дадени на општина Сарај. Тие можат политички да го третираат тоа, но езерото Треска се наоѓа во општина Сарај. Со години е уништувано. Од моментот кога го преземавме менаџирањето на езеро Треска денес се зборува до каде сме стигнале со проекти, тоа е најдобар доказ дека одлуката била исправна- истакна Блерим Беџети.

Беџети додава дека наскоро се очекува да се усвои и детален урбанистички план за езерото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот