Шилегов до Нелоски: Ве пуштиле во емисија без минимално познавање

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ве испратиле без минимално познавање во емисија, кој го даде езерото Треска на општина Сарај?!“, Шилегов го праша Нелоски.

-Почитуван Нелоски, немате минимално знаење и познавање, ве пуштиле тука без информации- рече Шилегов.

На што Нелоски возврати дека нема да ја коментира елементарната некултура која ја има Шилегов.

Оваа нова ненормална нормалност ќе трае уште една година, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на ТВ 21.

-Попуштањето на мерките кај граѓаните предизвикува преголема опуштеност. Преголемата опуштеност ја гледаме секој ден на улиците, а тоа е да имаме масовно непочитување и на препораките и на уредбата донесена од Владата за тоа дека граѓаните се должни да носат лична заштита – посочи Шилегов.

Тој истакна дека не постои мерка којашто било која институција може да ја донесе доколку, како што изјави, граѓаните не се сојузници во имплементација на мерките.

-20 години сте управувале со Водно и појма сте немале што значи тоа, за 2 месеци тоа ќе го добиете како показна вежба- рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот