„Баскетот ми е од Перо Антиќ, ракометната топка од Мојсоски“: Груби објаснува за рекреацијата во кабинетот

Фото: Артан Груби / Фејсбук

Вицепремиерот Артан Груби вечерва во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека сите спортски реквизити кои ги има во кабинетот во Министерството за политички систем не се купени со државни пари и дека немало јавни набавки, туку дека му се донирани.

– Голчето ми е дадено од Фудбалската федерација на Македонија, баскетот ми е поклонет од Перо Антиќ, а ракометната топка од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт која ќе биде дел од Министерството за политички систем и ќе ги претставува интересите на сите групи, рече Груби.

Груби додаде дека во неговата канцеларија стои и позлатеното пенкало со кое го потпишал договорот со турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатиштата на коридорите 8 и 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот