Барса за 75 милиони евра може да го ослободи Кутињо

twitter.com/BGT_ENG

За Филипе Кутињо голем број на премиерлигаши покажуваат интерес, помеѓу нив се Лестер, Евертон, Челзи, Тотенхем и Арсенал.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона кој на позајмица игра за екипата на Баерн Минхен, може да се врати во Англија.

За Филипе Кутињо голем број на премиерлигаши покажуваат интерес, помеѓу нив се Лестер, Евертон, Челзи, Тотенхем и Арсенал.

Каталонците разгледуваат неколку опции за трансфер на 27-годишниот играч од средниот ред. Баерн исто така не планира да го откупи неговиот договор.

Клубот би сакал да добие 90 милиони евра, но таквата сума на обештетување е малку веројатна, па се верува дека може да се согласи и со 75 милиони.

Исто така е можно Бразилецот повторно да биде позајмен, со можност за откуп на неговиот договор.

Со оглед на тоа што клубот од „Гудисон парк“ има добри односи со Барса, после успешните разговори со Џери Мина, Андре Гомеш и Лука Дин, Кутињо би бил следното ново засилување на Евертон. Тој веќе има искуство од Премиер лигата, од 2013 до 2018 година играше во дресот на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот