Баргес: Австралија е под невидена закана од странска шпионажа

Австралија е под невидена закана од странска шпионажа и обиди за мешање во внатрешните работи на земјата, изјави денеска генералниот директор на Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО), Мајк Баргес.

Тој додаде дека голем број држави се обидуваат да влијаат врз пратениците, владините службеници, медиумските личности, бизнисмените и научниците.

– Нивото на закани со кои сме соочени од странските шпионажи и мешањето во овој момент е без преседан. Странското мешање сега е поголемо отколку за време на Студената војна – посочи Баргес.

Но, тој не ги идентификуваше земјите кои се мешаат во внатрешните работи на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот