Барди по седум месеци даде гол во Ла Лига (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, по пауза од седум месеци, конечно постигна погодок во шпанската Ла Лига. Барди беше стрелец на последниот четврти гол во триумфот на неговиот Леванте (4:1) над Рајо Ваљекано во рамките на 36. коло од Ла Лига.

За гостите кои со едната нога се во втората лига, на клупата за резервни ихрачи беше голманот Столе Димитриевски.

Леванте во првото полувреме го реши во своја корист со 2:0 благодарение на головите на Кампања и Везо. Во вториот дел, Гарсија намали на 2:1, но во последните четири минути, прво Тоно погоди, а Барди во судиското продолжение ја запечати судбината на Раја Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната, Леванте се наоѓа на 15. позиција со 40 освоени бодови, пет повеќе од 18. Ваљадолид кој пак има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот