Барди е во група со Црвена звезда, Алиоски против Тричковски во Лига Европа

фото: instagram.com/trabzonspor

Денеска во Истанбул (Турција) се одржа жрепката за извлекување на групите во Лига Европа за натпреварувачка сезона 2022/2023. Првите натпревари од групите во ЛЕ ќе се играат на 8 септември, а групната фаза ќе заврши на 3 ноември годинава.

Во групната фаза на ЛЕ дебитираат Бодо/Глимт, Унион Берлин и Унион Сент-Жилуаз, а вкупно четири македонски фудбалери се најдоа во жрепката.

Тие се Енис Барди (Трабзонспор), Езџан Алиоски (Фенербахче), Ердал Ракип (Малме) и Иван Тричковски (АЕК Ларнака).

Ракип со шведскиот Малме е во групата „Е“ со португалската Брага, германскиот Унион Берлин и Унион Сент-Жилуаз од Белгија. Потоа, Алиоски со Фенербахче е во групата „Б“ со украинскиот Динамо Киев, францускиот Рен и кипарската екипа на АЕК Ларнака на Тричковски.

Барди со Трабзонспор ќе игра во последната група „Х“ со српскиот шампион Црвена звезда, потоа францускиот Монако и Ференцварош од Унгарија.

Лига Европа 2022/2023

Група „А“

Арсенал
ПСВ Ајндховен
Бодо/Глимт
Цирих

Група „Б“

Динамо Киев
Рен
Фенербахче
АЕК Ларнака

Група „Ц“

Рома
Лудогорец Разград
Бетис
Хелсинки

Група „Д“

Манчестер јунајтед
Реал Сосиедад
Шериф Тираспол
Омонија

Група „Е“

Брага
Малме
Унион Берлин
Унион Сент-Жилуаз

Група „Ф“

Лацио
Феенорд
Митјиланд
Штурм Грац

Група „Г“

Олимпијакос
Карабах
Фрајбург
Нант

Група „Х“

Црвена звезда
Монако
Ференцварош
Трабзонспор

ВИДЕО: За Романо, Барди е во Топ 5 најголеми летни трансфери во Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот