Закани кон фудбалски тренер во Црна Гора: Донеси 20.000 евра или твојата ќерка ќе биде фрлена во река

Фото: Screenshot Youtube / FK Budućnost

Tренерот на фудбалскиот клуб Будуќност, Иван Брновиќ поднел пријава против непознати лица поради закани за киднапирање на неговата ќерка, пренесуваат црногорските медиуми.

На Брновиќ одредени лица му се заканиле дека ќе ја фрлат неговата 13-годишна ќерка во река ако не донесе 20.000 евра, иако девојчето во тие моменти било на сигурно.

Непознатите лица сакале да го заплашат Брновиќ со заканите кои ги добил по тренингот во четвртокот. Во тие моемнти тој требало да се сретне со претставници на навивачката група на Будуќност. Поради заканите закажаната средба била одложена.

Инаку, ова не е единствен инцидент во Будуќност во последниот период. Пред само неколку дена се појави снимка на која се гледа како голманот Ѓорѓе Павличиќ по натпреварот со Сутјетска влегува во физички контакт со соиграчот Игор Ивановиќ.

Павличиќ доби суспензија на три месеци, а суспендиран е и капитенот Петар Грбиќ бидејќи бурно реагирал на одлуката на тренерот да не го уфрли во гира во споменатиот натпревар со Сутјетска кој заврши без победник 2:2.

ВИДЕО | Голман во Црна Гора се степа со соиграч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот